МАКЕДОНИЈА Политика

Петровиќ: Од влезот во НАТО на Црна Гора до сега обемот на инвестиции изнесува 1,3 милијарди евра

Економските бенефити се само дел од придобивките кои ги носи членството во НАТО и тие се многу јасни и опипливи. Во 2018 година зголемен е обемот на инвестиции од државите членки на НАТО за 64 проценти во однос на 2017 година кога Црна Гора стана членка на НАТО, а до денес обемот на инвестиции изнесува 1,3 милијарди евра, од кои само лани инвестициите од земји членки на НАТО се 248 милиони, вели во интервју за МИА амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ.

-Постојат и други конкретни придобивки кои произлегуваат од интеграцијата во НАТО системот на кодификации. Ние забележавме и раст на приходите во индустриското производство, во пристанишните шпедитерски услуги. Во ЦГ е многу важен и растот на приходи од туризмот со оглед дека стопанството на земјата особено се потпира на туризмот. Ние забележавме раст на бројот на туристи од НАТО земјите за околу 25 отсто. Значи за мали држави како што е Црна Гора членството во најмоќната организација на светот подразбира гаранција на деловниот и инвестицискиот амбиент, а исто така влијае и на економските потенцијали, рече амбасадорката Петровиќ.

Поврзани вести

Филипче: Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал

Влатко Зорба

Димитров: Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“

Влатко Зорба

„Во исчекување сум да помогнам“: Македонецот Борко е доброволец за тест на вакцина од Оксфорд за Ковид-19

Берта Китинска

Димитров-Ауреску: Вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците

Влатко Зорба

Османи утре во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Влатко Зорба

„Моцарт“ донира 5.000 евра за Клиничката болница во Битола

Влатко Зорба