МАКЕДОНИЈА

Пировска за твитер хајката кон Милевска: Ваков вид на заплашување не смее да се толерира, ниту од јавноста, ниту од политичките партии

На својот Фејсбук профил во врска со твитер хајка во форма на брутални закани, навреди насочени кон новинарката Тања Милевска се огласи извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

„Поразителен е фактот што не е реткост новинарка да биде напаѓана и понижувана на социјалните медиуми, и тоа најчесто од лажни профили, па повторно посочуваме дека безбедноста и слободата на говор на новинарите и новинарките особено во време на предизборна кампања е од исклучителна важност. Ваков вид на заплашување не смее да се толерира, ниту од јавноста, ниту од политичките партии, а најмалку од институциите кои имаат обврска да стават крај на климата на неказнивост на родово-базираниот говор на омраза кон новинарките. Стоиме солидарно со Тања Милевска и сите новинарки кои се мета на говор на омраза овој период. Гласот на новинарките е клучен за сите нас“, пишува Пировска .

Повторно сме сведоци на твитер хајка во форма на брутални закани, навреди и родово-базиран говор на омраза, овојпат…

Gepostet von Uranija Pirovska am Montag, 13. Juli 2020

Поврзани вести

Николовски: Потребно е нормално функционирање на институциите, изборите по епидемијата

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје позитивна на Ковид 19

Од новите 241 ковид дијагностицирани најмногу се од Скопје

Влатко Зорба

Османи: Се разгледува можноста со меки мерки да се замени полицискиот час и затворањето на бизнисите

Нов протестен марш „Правда за Кољо“ низ улиците на Скопје

Донација од 20.000 маски за Армијата