МАКЕДОНИЈА

Планинари: Ако не платите 200 денари не може да се искачите на Галичица (фото)

На социјалните мрежи граѓани се пожалија дека им биле наплатени 200 денари за да се искачат на највисокиот планински врв на Галичица.

Планинарката Евгенија Здравевска објави за оваа немила случка, притоа нагласувајќи дека вработен, ги пресретнал спремен со фискален апарат.

„Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. “…и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот.
Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!
Ми наплаќате за користење на ресурси – ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре – што кај нас е квантна физика“, пишува Здравевска.

 

Едно Магаро – 200че. Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како…

Gepostet von Evgenija Zdravevska am Freitag, 21. August 2020

Поврзани вести

Голем успех на македонските пронаоѓачи во Москва

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК

Спасовски: Признание за авторите на „Медена земја“ и домување за Атиџе

Viktor Jovanov

Синдикати и здруженија бараат Регулаторна веднаш да ја повлече одлуката за поскапување на струјата

Дебата за миграција, безбедност и хибридни закани на тинк тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес

Три лица починаа од Ковид 19, најмладата пациентка е од Струмица

Берта Китинска