МАКЕДОНИЈА

Планинарот од Скопје кој се изгуби на Шар Планина, најден утрово во бачило

Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници.

Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река“.

– Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен“ се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Планинарот бил најден без повреди и во добра здравствена состојба.

Поврзани вести

Радман-Димитров: Хрватска силно ја поддржува позитивната одлука за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија

По речиси 20 часовен распит, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски

Светски ден за борба против ракот

Stefanija Kuzmanovska

Обраќање на Пендаровски на 18 декември пред пратениците во Собранието

Ивана Рамаданова

Заев за 360 степени: Причината за недобивањето датум треба да биде јасна – Не е до нас!

Влатко Зорба

Пендаровски: Очекувам шпанска ратификација следниот месец

Stefanija Kuzmanovska