МАКЕДОНИЈА

Почина бебето кое поради компликации од коронавирус беше испратено во Швајцарија

Швајцарските здравствени власти ја потврдиле смртта на бебето, кое од Клиниката за детски болести во Скопје во понеделникот ноќта, со специјален авион било однесено во Швајцарија, пишува Нова.

Веста која ја објавија швајцарските медиуми ја потврди Стефан Кустер, шеф на одделот за инфективни болести при Сојузната канцеларија за јавно здравје, на прес-конференција во швајцарската престолнина Берн, синоќа (петокот 29 мај).

Тој потврдил дека бебето чии родители живеат во кантонот Аргау се заразило со коронавирус во странство и дека случајот се истражува. Кустер не кажал повеќе детали за случајот и дали вирусот е директна причина за смртта.

„Еден тажен настан, треба да ја пријавиме смртта на едно дете. Бебето кое живееше во кантонот Аргау, се заразило во странство “, изјави за медиумите Стефан Кустер од Федералната канцеларија за здравство (БАГ).

Поврзани вести

Законот за Јавно обвинителство се враќа на работните групи

Stefanija Kuzmanovska

Кочница се ДУИ со нападите коишто ги имаат правено кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци, вели Тачи

Никола Поповски

Починаа пет предвремено родени бебиња на Гинекологија

Берта Китинска

Агенцијата за управување со одземен имот ги има чантите и гардеробата на Боки 13 и мебелот на Јанева

Александар Тодески

Шекеринска денеска и утре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет во Брисел

Stefanija Kuzmanovska

Најголем дел од пациентите со коронавирус стабилни, тројца се со пневмонија