МАКЕДОНИЈА

Почина првиот доктор на науки од ромска националност, Трајко Петровски

Почина Трајко Петровски, роден на 18 мај 1952 година. Докторирал во 1997 година на катедрата по етнологија во Универзитетот во Загреб. Преку својата научно истражувачка дејност остави длабок впечаток во ромската антропологија, фолклористика, историја и јазик на Ромите како научник при Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.

Во историјата останува како првиот доктор на науки од ромска припадност, а неговите дела како важни историски ракописи. Кога во Македонија, ромскиот јазик беше во почетнички развој, Петровски го напишал првиот ромско-македонски и македонско-ромски речник во 1998 година. Автор е на Ромската граматика во издание на асоцијацијата Романо Ило. Исто така, од неговиот ракопис сега за сега, учат ученици Роми во основното образование.

Автор е на учебниците по предметот Јазик и култура на Ромите за трето, четврто и петто одделение. Од научно истражувачката дејност, значајни дела се каландерските обичаи на Ромите и етничките карактеристики на ромското население во Македонија. Во 2017 година ја издал и Историјата на Ромите во Македонија и Балканот.

Поврзани вести

Посебен режим на сообраќај поради меѓународната кружна трка „Скопје-2019“

Влатко Зорба

Манчевски: Нашата држава е масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор

Maja_Serafimova

Министерството за здравство изненадено од протестот: Не ги игнорираме матичните лекари

Трговскиот и прехранбениот сектор се реорганизира согласно актиуелната состојба

Зекири откри дали Заев се согласил за Албанец премиер: Гладна кокошка просо сонува

Мајките на породилно, денеска повторно на протест

Берта Китинска