МАКЕДОНИЈА

Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола немале Ковид – 19

Резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19, 66-годишниот маж од Битола и родилката од Охрид, која синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид – 19, соопшти Министерството за здравство.

-Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија, наведуваат од Министерството.

Негативен на Ковид -19 е и резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пациентката на возраст од 37 години, посочуваат, беше вчера попладне донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство по пристигнување, на пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли, стои во соопштението од Министерство за здравство.

Поврзани вести

Кампања „Не се откажувај, барај правда!“

Дополнителни броеви за психолошка поддршка за родители и деца

Оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Нови шест пациенти позитивни на корнавирусот

Извршени 1771 операции во периодот на епидемијата на Ковид 19 на пациенти во Хируршките клиники

Пресудата за „Еразмус“ ќе биде позната на 3 февруари