МАКЕДОНИЈА

Поднесени прекршочни пријави за активистите на Fridays For Future поради вчерашната герила акција (видео)

Поднесени прекршочни пријави за активистите на Fridays For Future поради вчерашната герила акција. За време на акцијата во која активистите со црвена боја ставале отпечатоци од раце на прозорците на Министерството им пришло обезбедувањето и ги внело внатре во објектот. Подоцна дошла и полицијата.

Од организацијата „Fridays For Future Skopje“ објаснуваат дека обезбедувањето на Министерството за животна средина донело арбитрарна одлука да ги задржи и да повика полиција, создавајќи непотребна тензија околу обичен креативен перформанс.

„Нашата акција имаше цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени не само кај јавноста туку и внатре во институцијата за животна средина. Наместо тоа се соочивме со нечовечки пристап кој само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакавме да ја пренесеме. Поради една безопасна герила акција која укажуваше на индолентноста на властите околу проблемот со животната средина, нашите активисти беа предмет на вознемирување, заплашување и испрашување како да извршиле терористички, а не симболичен акт во интерес на општото добро“, пишува на нивниот Фејсбук профил.

Отстранување на еко-активисти од герила акција пред МЖСПП

Радио МОФ сними како изгледаше денешното отстранување на еко-активистите на Fridays For Future Skopje за време на герила акцијата пред Министерството за животна средина.

Gepostet von Радио МОФ am Freitag, 21. Februar 2020

Од О2 Иницијативата информираат дека за време на вчершната герила акција за оставање црвени дланки на стаклото на влезот на Министерството за животна средина обезбедувањето и полицијата влечеле и приведувале активистки на Петоци за иднината на Скопје.

Според нив, „за герила акции веднаш полиција доаѓа, испитува, притвора, ама за секојдневното недозволено загадување кое ни се случува, за тоа нема апсења и притвор, полицијата тогаш ја нема, иснпекциите пинг-понг играат кој е надлежен, извештаите покажуваат сè е во ред“, пишува на Фејсбук профилот на О2 Иницијативата.

Во одговорот на МВР се вели дека е нарушен јавниот ред и мир.

„На 21.02.2020 во 17.10 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје поточно во Министерство за Екологија, Е.Д.(26) од Неготино,С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16 годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир по чл.27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за Екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест.Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата“, се вели во соопштението.

 

Поврзани вести

Филипче: Измените на Законот за контрола на опојни дроги ќе овозможи подобра контрола и повеќе вработувања во оваа сфера

Фетаи: Во изборот на шеф и обвинители за организиран криминал да биде вклучена канцеларијата на ЕУ во земјава

Пендаровски: За нас не постои подобра алтернативa од интеграцијата во ЕУ

Maja_Serafimova

Во Скопје депортирани две жени и двегодишно дете кои престојувале во воените зони во Сирија и Ирак

Собранието со мнозинство гласови го донесе Законот за стратешки инвестиции

Координирани и засилени активности за справување со отпадот

Stefanija Kuzmanovska