МАКЕДОНИЈА Хроника

Полицијата приведе две лица за лажната дојава за бомба во Сити мол

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.

Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.

Претходно, од МВР за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.

Поврзани вести

Чулев подготвува смена на началници во МВР

Ивана Рамаданова

Шилегов: Имаме готова проектна документација за претпријатието „Градски енергетски системи“

Христина Николовска

Кирацовски предлага измени во Кривичниот законик, делата на функционерите да не застаруваат лесно

Димковски и Бабовски денеска на посета во Кочани (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Во втората половина на декември ќе се знаат имињата на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ

Државјаните на Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ ќе патуваат без меѓусебна обврска од негативен ПЦР тест