МАКЕДОНИЈА

Политички аналитичари: С. Македонија ја очекуваат убави и позитивни моменти и промени

Од  уставни измени, преку промена на името, до членство во НАТО. Папата во Скопје, случајот „Рекет“…

Вака некако изгледаше годината која ја оставивме позади нас. За дел од политичките аналитичари изминатата година беше лоша година, за други пак беше успешна година.

Историски најважен настан што се има мината година случено е гласањето во Собранието за промена на Уставот и уставното име. Убедливо најнегативен настан е токму тој настан, смета Александар Пандов.

„Подоцна ако одиме по ред има и други настани. Овде се издвојува и СЈО како институција. Од самиот почеток на годината кога се случи притворањето на Орце Камчев и одреден број на бизнисмени со некои измислени сценарија, мене ми беше јасно дека тие луѓе се собрани во притвор со единствена цел, од нив да се изнудат пари, односно народски кажано да се направи рекет“, истакна Пандов.

Во текот на годината,  вели Пандов, ние сфативме дека тоа е така кога за кратко време тие луѓе беа пуштени, па им беа вратени пасошите, а подоцна на големо се зборуваше дека посојат сигурни докази дека е правен рекет.

„Мислам дека тоа се тие настани кои дефинитивно ја одбележаа минатата 2019 година и сметам дека тоа се крајно негативни настани, посебно вториот кој комплетно ја урниса целата доверба на македонските граѓани кон правосудните органи“, додава Пандов.

Според него, како настан кој ја одбележа 2019 година се и претседатеските избори кои, според Пандов, покажаа дека Христијан Мицкосвки цврсто го има фатено раководството во ВМРО ДПМНЕ и дека оној резултат кој што го доби со неговата кандидатка, професорката Гордана Силјаноска му гарантира враќање на ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена како победничка партија наредните парламентарни избори.

„Тоа се за мене највпечатливи настани кои оставија црн белег и се надевам дека наредната ќе донесе многу повеќе позитивни настани.

Аналитичарот Алберт Муслиу, смета дека најпозитивните работи се случиле токму во 2019 година, а тоа според него се уставните промени и поканата за НАТО.

„Најголемата работа за оваа држава која ја дефинира долгорочната стабилност во меѓународни рамки е токму поканата за НАТО“, истакна Муслиу.

Според него, најразочарувачка работа беше тоа што се имплицира специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“.

„Тоа беше најразочарувачки настан за сите тие кои полагаа голема надеж во специјалното обвинитество на чие чело беше токму Ктица Јанева. Но од друга страна тоа и беше оптимистичко, затоа што никој не се обиде да ја заштити да не оди во притвор“, вели Муслиу.

Најнегативното според Муслиу во изминатата година е неспремноста на политичките актери да се договорат за некои закони во областа на правосудството, поточно за обвинителство, за евентуален ветинг.

„За мене лично, најнегативно е тоа што некои промени во правосудните органи не се направија, а со тоа спласна мотивираноста и оптимизмот кај граѓаните“, рече Муслиу.

Ако после бура доаѓа сонце, тогаш би можеле да очекуваме дека после турбулентната 2019, ни следува помирна година која ќе ни донесе позитивни настани и случувања. Година во која не чекаат избори, нова методологија за преговори, борба за правда, нови надежи и предизвици.

Политичките аналитичари со заеднички став, за Република Северна Македонија доаѓаат убави денови полни со позитивни настани и промени.

И.Р.

Поврзани вести

Полицијата уапсила уште две лица пред почетокот на големата акција

Александар Тодески

Подготовки за есенскиот бран – се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Ги запознаваме ретките болести: Батенова болест

Stefanija Kuzmanovska

Општина Центар и здружението „Хуманост“ со мобилен тим за помош на стари лица

На тетовското подрачје евидентирани 295 лица во самоизолација

Села: Инвестиција од 500 милиони евра за ревитализација на албанските населби