Политика

Александрова: Со новиот закон не сакаме да зголемиме нечиј бизнис со пелети

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ по иницирањето на законот, кој би почнал да важи од 2021 година а со кој ќе се забрани греењето на дрва, јаглен, нафта и мазут во урбаните средини, вели дека со тоа не сакаат да зголемат „нечиј бизнис со пелети“ и дека единствена работа за која што се залагаат е да се намали загадувањето за цели 50 отсто..

„Предложениот закон предвидува целосен систем со кој што би се укинало греењето на дрва, мазут, јаглен и други видови на ресурси. Тоа би се случувало со субвенција од страна на државата за оние кои што неможат да ги покријат трошоците за греење со други грејни тела или со други начини освен дрва. Тоа не значи дека ќе се укине греењето на дрва на територијата на цела држава, не гледам зашто истото би се укинато, на пример во Берово, каде што нема големо загадување. Законот е во фаза на подготовка и ќе го предложиме наредната недела или таа по неа. Ќе разговараме и со останатите политички партии очекуваме поддршка од нив“, изјави за Стандард независната пратеничка.

Александрова вчера ги претстави мерките кои ќе бидат опфатени во предложеното законско решение. Во однос на затоплувањето со прегорено уље или со остатоци од мебел, како и горењето на гуми, тоа треба да претставува кривично дело и да има посебна единица во полицијата и обвинителството која ќе ги гони сторителите на овие кривични дела, а предлагаат и забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат.

А.Т.

Поврзани вести

Командирот на противпожарната единица во Скопје: Најодговорно тврдам дека сите пожари подметнати

Влатко Зорба

Османи: Очекуваме EK да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец

Диневски за „Шпион“: Битката ја водам со вонредни правни лекови во Врховниот суд

Влатко Зорба

Предадени преговарачките рамки за С. Македонија и Албанија до Советот на ЕУ

Влатко Зорба

Мираковска: Се чувствуваше пријателството на колегите од ЕП и нивната желба што е можно поскоро да ги почнеме преговорите

Николовски: Минималната плата ја качивме на 14.500 денари, ќе порасне до 20 илјади денари, затоа што работиме домаќински и во интерес на граѓаните