Политика

Алијанса за Албанци: Оваа форма на управување со ситуацијата во Куманово создава контра-ефекти

Владата на Северна Македонија попладнево воведе полициски час во Општина Куманово – целосна забрана за движење преку викенд, со почеток од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Хаосот создаден денес попладне во Куманово, како резултат на овие мерки уште повеќе ја зголеми загриженоста на граѓаните, велат од Алијансата за Албанците.

-Од паниката нема никаква корист затоа оваа форма на управување со ситуацијата создава контра-ефекти. Препораките за одржување на социјалната оддалеченост воопшто не се почитуваше од напнатоста на граѓаните да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хол повикот на владата за полициски час, што создаде паника и конфузија кај граѓаните. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да ги следат препораките на здравствените власти за социјална дистанца со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Во исто време, ги повикуваме државните власти да не создаваат хаос што ќе им наштети на граѓаните- се вели во соопштението.

Поминавме низ многу тешки ситуации, велат оттаму, како нација и успешно ги надминавме сите како резултат на солидарност. Без паника, ги молиме сите граѓани да бидат трпеливи! Битката ќе ја победиме сите ние заедно, со чување на мирот и внимателни!

Заедно ќе успееме, со трпеливост и упорност!,се вели во соопштението

Поврзани вести

Лалчевска: Реформираниот систем за социјална заштита дава резултат (ВИДЕО)

Влатко Зорба

СДСМ: Николовски и ДПМНЕ продолжуваат со лажните вести, македонскиот јазик е признаен и потврден и со договорот од Преспа

Захариева: Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна

Влатко Зорба

СДСМ: Дополнителни 66.000 денари годишно ќе завршат кај секој работник

Влатко Зорба

Премиерот Заев од Тетово: Определивме 15 милиони евра против аерозагадувањето (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ