Политика

Ампева за наводните откази на текстилни работнички: Наведете извор или фирма, во спротивно не ширете паника

„Се споделуваат бомбастични наслови дека имало откази поради мерките. Наведете извор или фирма, во спротивно никому не правите услуга со дигање паника. А еве ние немаме сознанија за ниеден отказ“, сподели Претседателката на „Гласен Текстилец” – Кристина Ампева.

„Работничките да најават на писмено отсуство доколку навистина имаат потреба да останат дома, да не злоупотребуваат , испратат потребна документација до работодавач а доколку не се почитува тоа и бидат санкционирани , и Гласен Текстилец и Хелсиншки комитет ви стојат на располагање. Ама без ширење паника, на никому услуга не правите!“, посочува таа.

Претходно, извесна Весна Богова, од Адвокатската канцеларија Богова, насвојот Фејсбук профил сподели дека утрово, прв ден од спроведувањето на Владините вонредни мерки против корона вирусот, паднаа првите откази од работа т.е. принуди врз текстилните работички да потпишат спогодбен престанок на работен однос.

„Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години“, пишува таа.

На наше прашање од каде и се информациите за наводните откази на текстилните работнички, таа не ни врати одговор.

Поврзани вести

Димитров: Türkiye dostlarımız, teşekkür ederiz!

Влатко Зорба

Анѓушев: Заштедите на ЕСМ ги насочуваме во заштита на животната средина (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Тортевски од „Твоја партија“: Да не звучи претенциозно дека јас ќе сум спасителот на Македонија, но потребна е промена

Никола Поповски

Ременски: Операторите или АЕК да одговорат за бројните повици од неидентификувани броеви кон наши корисници од странство

Влатко Зорба

Михајловска: Нападите кон жена се израз на немоќ и страв од пораз на хибридниот режим (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците до работа и при промена на времето на полицискиот час

Влатко Зорба