Политика

Ангеловска на тркалезна маса: Светска банка останува наш посветен партнер

Светска банка останува наш посветен партнер, како во поволни економски услови, кога ни е поддршка во мерките кои се преземаат за развој на економијата и општеството, така и сега – кога преземаме мерки за надминување на последиците на Ковид-19 кризата, најголемата економска криза по Големата депресија.

Ова денеска го истакнала министерката за финансии Нина Ангеловска на онлајн Тркалезната маса на тема „Политики за поддршка на приватниот сектор“ за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 во организација на Светска банка

Целта на овој онлајн настан, како што соопштија од Министерството за финансии, е да собере високи претставници од областа на финансии и економијата за да зборуваат за своите искуства и мерките кои ги преземаат за справување со последиците од коронавирусот и ефектите врз стопанството.

На тркалезната маса, покрај Ангеловска учествуваа министри за финансии, за економија, за инвестиции, гувернери на централни банки, како и високи претставници на Светска банка – Сејла Пазарбасиоглу потпретседател за рамномерен развој, финансии и институции, Мари Пангетсу, оперативен директор за развој и партнерство и други високи претставници.

Преку Светска банка се обезбедени дел од средствата за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со која околу 20.000 или една третина од сите компании во земјава кои вработуваат преку 130.000 лица, да ги задржат вработените и да исплатат пристојни плати во време на кризата, во услови кога нивните приходи се намалија за над 30 проценти.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите?

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос значи шанса за развој на Преспанскиот регион

Заев: На 15 јули можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат

Влатко Зорба

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, СДСМ е за интеграција (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнува масовен скриниг

Спасовски од Куманово: Режимот беше подготвен да убива за да го спречи напредокот

Влатко Зорба