Политика

Анѓушев дециден дека „мал шенген“ не може да биде замена за членство во ЕУ

Нема алтернатива за зачленувањето во Европската Унија. Ниедна регионална или локална иницијатива, па ни „мал шенген“ не може да биде замена на тоа што ние го имаме како таргет, а тоа е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, посочи денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Тука нема алтернатива. Секоја иницијатива која што може да биде локална, а е за да ја подобри регионалната соработка, ние ќе ја поддржиме, но мислам дека има сосема доволно простор во рамките на постојните иницијативи. Треба да се види што тој „мал шенген“ подразбира иако е убаво кога ќе го кажеме популистички, но сепак треба да бидеме претпазливи, бидејќи ниедна локална и регионална иницијатива не смее да биде препознаена како замена на нашето членство во ЕУ, рече Анѓушев во одговор на прашање  при посетата на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“  каде беше пуштена во употреба фотоволтаична електрана во училиштето.

Поврзани вести

Спасовски: Секој што е одговорен во случајот „Рекет“, ќе мора да сноси одговорност

СДСМ: Ред, правда и дисциплина се главните приоритети на новата влада

Берта Китинска

СДСМ: Ги повикуваме граѓаните да не се групираат и да внимаваат на хигиената

Берта Китинска

СДСМ: Нашите политики ја подигнаа откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните шест години

Влатко Зорба

Заев: Подготвени сме за голема победа; Мицкоски: Завршува арамилукот, срамот, неправдите

Влатко Зорба

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување