Политика

Анѓушев: Над 150 милиони евра ќе донесат три нови странски инвестиции кои влегуваат во земјава

Повеќе од 150 милиони евра ќе тежат трите нови странски инвестиции што ќе почнат да се релизираат во земјава, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното интервју на националната телевизија.

„Една од новите инвестции што ќе се реализра е Локотранс, а договорот помина вчера на Влада и ќе биде надвор од ТИРЗ, ќе прави фабрика за шински возила. Втората компанија е од ИТ секторот од Бугарија околу 44 милиони евра и третата е Дура, која дефинитивно реши да инвестира со две нови фабрики. Овие производствени капацитети Дура планираше да ги направи во Чешка, а се за за екструзија за алуминимумски профили за автомобилска индустрија и за шасии за автомобили каде што ќе бидат имплементирани батерии за електрични возила. Тоа се инвестиции над 100 милиони евра.“ изјави Анѓушев.

Тој посочи дека во изминативе две и пол години во државава имаше тешки политички теми за решавање, па бројките во економијата не беа доминантни, иако се одлични.

„За странските директни инвестиции во периодот од 2017 до 2019 година има 741 милион евра, во периодот од 2015 до 2017 има 550 милиони. Или во последниве 2 години има 33,5% повеќе од претходните две. Во периодот од 2013 до 2015 има 7 потпишани договори и 6 пуштени фабрики, од 2015 до 2017 има 7 потпишани договори.Во периодот од 2017 до 2019 г. има 22 потпишани договори и 12 пуштени фабрики“, изјави Анѓушев.

Поврзани вести

Ќе се намалуваат казните за сите сообраќајни прекршоци

Влатко Зорба

Мурати: Неопходно е унапредување на статусот на уставните судии за нивна целосна самостојност и независност

Влатко Зорба

Груби: ДУИ очекува апсолутна победа на изборите

Влатко Зорба

Шекеринска: Техничка Влада- затоа што ние ги почитуваме законите, затоа што ние ги исполнуваме договорите

Средба Османи – Тигањ: Република Хрватска изразува јасна поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија

Никола Поповски

Заев-Хребичкова: Северна Македонија заслужува да биде дел од големото европско семејство