Политика

Анѓушев: ТАНАП е од исклучителна важност за С.Македонија

„Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конукрентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните“, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев кој присуствуваше на свеченоста со која свечено се одбележа пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP), на локацијата Ипсала/Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Република Грција и Република Турција.

„Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија“, нагласи Анѓушев.

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

ТАНАП минува од турската граница со Груција, почнувајќи во турското село Туркгозу во областа Пософ во Ардахан, низ 20 провинции вклучително и Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бајбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Џанакале,

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Гази Баба се заборавени и од централната и од локалната власт на СДСМ

Јанева: Бараме да не се исклучува јавноста и да се види цел доказен материјал од Кичеец

Влатко Зорба

Џафери во Франција на Европската конференција на претседатели на парламенти на ПССЕ

user3

Адеми: Одлуките за избор на најполовна понуда за учебници се потпишани

Влатко Зорба

СДСМ: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

Никола Поповски

Општина Гостивар контра Заев: Реконструкцијата на покривот на ОУ „Гоце Делчев“ е финансирана од УНДП

Влатко Зорба