Политика

Анкета НДИ: Граѓаните ја поддржуваат проевропската политика на СДСМ

Коалицијата на СДСМ и на БЕСА, на 12 дена пред изборите, води на истражувањето спроведено од Националниот демократски институт (НДИ). Во анкетата што ја објавува НДИ, на прашањето ако изборите се одржат денеска за кого би гласале, оваа коалиција има доверба кај 24,8 проценти од гласачите. На второ место е ВМРО ДПМНЕ со 21,2 проценти, или разликата е 3,6 проценти. Следува ДУИ со 7,2 отсто од анкетираните гласачи, додека коалицијата на Алијансата и Алтернатива имаат 5,7 отсто.
 
Граѓаните, како што се изјасниле, ја поддржуваат проевропската политика на СДСМ, па затоа дури 58 отсто гледаат поголема надеж за државата откако Северна Македонија стана членка на НАТО, но и ги започнува преговорите со Европската Унија.
 
Понатаму, во анкетата може да се забележи дека Зоран Заев е во убедливо водство со поддршка од 44 отсто од избирачите, додека доверба во Христијан Мицкоски имаат само 25 отсто. Има разлика и во наклонетоста кон партиите – СДСМ има 41 отсто, додека ВМРО ДПМНЕ 28 отсто. Според анкетата, овие бројки ја прават извесна победата на коалицијата „Можеме“.
 
За опцијата дефинитивно ќе гласаат 40 проценти од испитаниците на НДИ, додека 29 отсто изјавиле дека веројатно ќе гласаат.

Поврзани вести

СДСМ: Вкупниот буџет за субвенции во земјоделството годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања

Влатко Зорба

Трајковски: Како е можно да се споредува политиката на Заев со онаа на Груевски?

Влатко Зорба

Уставен ќе чека Собранието да го толкува Законот за помилување

Влатко Зорба

Средба на Заев и Џонсон: Северна Македонија го заслужува своето место во евроатлантските демократски сојузи

Влатко Зорба

Заев и Мицкоски во трка за формирање парламентарно мнозинство

Села: ДУИ постојано прави притисоци последните денови

Влатко Зорба