Политика

Апасиев: Никој не ме повикал во Обвинителство

„А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме“, сподели Димитар Апасиев од Левица по информациите дека Основното јавно обвинителство Скопје отвориле предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.

– Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.

Поврзани вести

Мицкоски потпиша Договор за предизборна коалиција за „За Обнова на Македонија“ со 15 помали политички партии

ДИК ја усвои програмата за задолжителна едукација на ОИК и ИО

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со Законот за ЈО е доживотен мандат за Рускоска и Јовевски

Влатко Зорба

Глигорова: Ќе се залагаме за ветинг на судиите и приватизирање на Стопанска банка

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ и тука никој не треба да има дилема

Maja_Serafimova

Димитров: Türkiye dostlarımız, teşekkür ederiz!

Влатко Зорба