Политика

Апасиев: Се молат НАТО и ЕУ да го откупат грозјето

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку фејсбук даде став за состојбата во лозарството и откупот на грозјето

„Се молат НАТО и ЕУ да го откупат грозјето“, сподели Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од Владата да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје кое што не е откупено.

– Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје кое што останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците. Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено, изјави потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Владата на Република Северна Македонија на 5-тата седница ја разгледа и усвои „Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки“, со која го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Поддршката ќе биде наменета за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм.

Намената на оваа мерка е за интервентен откуп на грозје кое ќе биде преработено во производи од винско грозје, а корисници на оваа мерка се винарските визби кои се регистрирани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да е задолжен да подготви дополнителна мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, а корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предвидениот рок за исплата е до крајот на 2020 година.

Во врска со оваа точка од дневниот ред на денешната седница на Владата, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение да подготви мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје и се корисници на подмерката 1.10, како директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања. Предвиден рок за аплицирање за мерката е да биде до крајот на 2020 година, а исплатата на оваа мерка ќе биде во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Мерката е наменета за сортите на винско грозје и тоа: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кавадарка.

Со заклучок од оваа точка се задолжува Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД–19 во висина од 30% за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња која ќе ја користат винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино и други правни субјекти кои вршат извоз на вино за кои е наменета и мерката за надомест во висина од 20% за транспортни трошоци за извезено наливно вино.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е задолжен да подготви мерка и за извезено винско грозје и тоа:

– за количини до 12 милиони килограми поддршката ќе изнесува 2 денари по килограм
– за количини од 12 до 25 милиони килограми поддршката ќе изнесува 3 денари по килограм
– за количини над 25 милиони килограми поддршката ќе изнесува 4 денари по килограм.

Корисници на оваа мерка се откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи (винско грозје) што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ги исполнуваат условите за извоз на земјоделски производи.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Административците не добија покачување на платата од пет отсто

Влатко Зорба

Брнс: Науката, технологијата и иновациите се неопходна алатка за соработката со САД

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Гази Баба се заборавени и од централната и од локалната власт на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Власта во паника шири лажни вести

Влатко Зорба

Шекеринска: Rетроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ да останат во минатото

Манчевски: Единствено што понуди кадарот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата се блокади и обнова на режим

Никола Поповски