Политика

Арсовски: СДСМ јавно нека каже кои се коалиционите партнери, зборовите “имам мнозинство” не се доволни за Влада

Со своја реакција по објавата на СДСМ дека е обезбедено мнозинство за формирање нова влада излезе и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии. Еве јавно нека објават СДСМ со кого “се ќердосаа” и имаат парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите “имам мнозинство” не се доволни за Влада. Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже Што сепак и не е нешто ново…“, напиша Арсовски, на својот Фејсбук профил.

 

Поврзани вести

Решението за проблемот за историските митови, не е во идеологиите од 19-от век, вели Пендаровски 

Берта Китинска

Жерновски: Македонските граѓани имаат насушна потреба од фунционирање на правниот систем

Влатко Зорба

Заев: Историски договор помеѓу МОН и СОНК, за образованието треба да се грижат мотивирани наставници

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски, Мизрахи и ВМРО ДПМНЕ го погазуваат Уставот

Александар Петровски

Пендаровски: Имаме обврска активно да работиме за да креираме поздрава животна средина

Влатко Зорба

Почнуваат преговорите за поделба на функциите од вториот и третиот ешалон

Берта Китинска