Политика

Азески: Стопанските субјекти треба да разберат дека државата ќе застане зад нив

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ изјави дека со економските мерки кои што ги спроведува владата поради ситуацијата со коронавирусот државата ќе застане зад компаниите и ќе работи за нивно спасување,како и на работните места.

– Мерките мора да се гледаат во целина, ако се гледаат поединечно тогаш се губи целиот концепт. Мислам дека Владата нема смелост до крај да ги објави тие мерки до кога би траеле, бидејќи никој не може да предвиди до кога ќе трае кризата. И во најразвиените земји немаше процена за состојбите како ќе ескалираат. Затоа на почетокот на преговорите кога седнавме и сфативме дека мора да преземаме мерки, бевме со различни позиции. Се мислеше дека ќе биде мала интервенцијата, со малку пари. Ние според она што го знаевме посочивме дека тоа ќе потрае подолго, дека ќе бидат потребни повеќе пари. Тоа усогласување траеше доста време но мислам дека полека ставовите се доближуваа. Ние бараме транспарентно да се објави целиот пакет мерки, за да можат стопанските субјекти да разберат дека државата сепак ќе застане зад нив и ќе работи на спасување на работните места и компаниите, вели Азески.

Поврзани вести

ИЗБОРИ: СДСМ денеска во Гостивар и Делчево, ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе и Велес

Сите што биле во контакт со Мицкоски се подготвуваат за самоизолација

Влатко Зорба

Европската Комисија подготвува масивен економски и инвестициски план за Западен Балкан

Пецас: Во Европа преовладува мислењето земјите од регионот да бидат заедно на европскиот пат

user3

Заев и Мицкоски без договор за датумот, продолжуваат изборните дејствија за избори на 5 јули

Османи на теренска контрола за користење на ИПА-фондовите (ВИДЕО)

Влатко Зорба