Политика

Баша со честитки за членството во НАТО: Задоцнет процес, но заслужено достигнување

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и честита на Северна Македонија за членството во НАТО.

Во објава на Фесјбук, Баша пишува дека ова е задоцнет процес, но целосно заслужено достигнување.

-Чувствувам големо задоволство срдечно да му честитам на нашиот сосед, државните авторитети, на нашите браќа и сестри, на сите граѓани на Северна Македонија и да им посакам добредојде во семејството на Северно атланската алијанса. Без сомнение, ова е одложен процес, но целосно заслужено достигнување, исторски настан за Северна Македонија и од големо геостратегиско значење за НАТО, што ќе послужи како дополнителна вредност за мирот, безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша Баша.

Додава дека верува оти Алијансата треба да ги обедини и другите земји од регионот.

-Посакувам и силно верувам дека набрзо на нашата алијанса ќе и се приклучат и другите земји од регионот и оти успешната политика на проширување на НАТО во регионот ќе послужи како пример за членство на нашите земји, врз основа на заслуги, во Европската унија,напиша Баша на Фејсбук.

Албанија беше меѓу првите земји чиј Парламент, едногласно, во февруари минатата година, го ратификува пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.

Поврзани вести

Шилегов кон Трајановски: Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш

Милошоски: Скромен придонес во јавната расправа за предлог законот за Јавното обвинителство, посебно кон ставовите на адвокатот на власта Јовески (ФОТО)

Макрадули: Субвенциите за инвертери за граѓаните ќе се доделуваат до крајот на годината

Влатко Зорба

СДСМ: Третиот пакет ќе ја зголеми потрошувачката и ќе стимулира раст и на домашните производи и услуги

УЈП: Финансиска поддршка за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени

ВМРО-ДПМНЕ: Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово