Политика

Бертолини: Нема ниту една земја во регионот која направила толку многу во изминтите 2-3 години

Шефот на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини во интервју за МИА дека Северна Македонија направила многу реформи и патот на реформите е добар.

– Нема ниту една земја во регионот која направила толку многу во изминтите 2-3 години. Сепак, има реформи кои треба да се комплетираат, но, во најголем број од случаите треба да потврдиме дека земјата е подготвена за почнување на преговори. Потоа, ако погледнете во законодавството, многу закони се поминати, недостига имплеменатција која нормално бара фондови и луѓе. И ова ме носи до најголемиот проблем на Северна Македонија, а тоа се човечките ресурси. Јавниот сектор нема доволно капацитет во однос на вештини и посветеност. Нема многу луѓе кои работат во јавната администрација и кои се посветени на работата, а малкуте кои работат многу, се преоптоварени. Значи, проблемот број еден на Северна Македонија е како јавната администрација да работи, посочува Бертолини.

Вооднос на една од најчестите забелешки на состојбата во пенитенцијарниот систем, а тоа се лошите услови и пренатрупаноста на затворите тој вели дека е силно потребна помош во делот на физичката инфраструтура, но и во однос на тоа како ги третираат затворениците.

– Важно е да се нагласи дека ние веќе инвестираме од ИПА -фондовите во објектите, како што е реконструкцијата на затворот во Битола. Во Идризово, преку Банката на Советот на Европа, во минатото, поддржавме изградба на нови згради за затворот, кој е во драматична состојба, за што се уверив самиот. Но, во Идризово градиме и судница за тешките кривични дела со цел во периодот на судската постапка се до пресудата, да немаат можност за бегство. Во Идризово, исто така, инвестираме во нови згради преку следната ИПА 2020 програмата, а во тек се и важни активности за поддршка на канцеларија за пробација која ќе го мониторира системот на пробација. Затворите, за жал, се еден од големите корисници на ИПА-фондовите, бидејќи во овој дел земјата треба уште да се развива. Да не ја заборавиме и новата стратегија за затворите, која исто така ја поддржавме, посочува Бертолини.

Поврзани вести

Поддршка за „Медена земја“ од владиниот врв (ФОТО)

Влатко Зорба

Јанкуловски: Тачи и Џафери биле прислушувани под псевдоними „швалер“ и „деда“

Влатко Зорба

СДСМ: Не успеаа намерите на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати незаконската аболиција на Иванов

Влатко Зорба

СДСМ: Во кое својство командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?

Влатко Зорба

Одложено рочиште за 27 април, Ристовски и Вељановски во самоизолација

Влатко Зорба

Заев и Мицкоски ветуваат по 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години за нашата држава