Политика

Бишевац: Не е решение на лажица да им даваме помош на компаниите, колку да ги одржуваме во живот

Кандидатот за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац во интервју за „Само Вистина“ изјави дека е противник на мерки со кои како „со лажица“ ќе им се дава на компаниите и сопствениците на фирми, колку да се одржуваат во живот.

„Граѓаните немаат избор, сите сме ставени во оваа ситуавција не по своја вина. Она што ни треба е вистински адекватен одговор на секој во оваа држава и поединечно во рамките на своите можности, но пред се вистински одговор на институциите на оние кои раководат со државата. Јас сум противник на мерки со кои како со лажица ќе им даваме на компаниите и сопствениците на фирми, слободните уметници итн. Во оваа држава имаме луѓе на кои како општество им должиме помош – невработени, социјалци. За мене не е решение на лажица да им даваме помош, колку да ги одржуваме во живот со машина. Треба од овој момент да почнеме да работиме на мерки кои практично ќе значат дека стопанството, во моментот кога ќе се добие битката со вирусот, да бидат во полна кондиција за да можат да почнат да произведуваат, вели Бишевац.

Според него има многу експерти на полето и треба да се заборави во еден момент дали предлозите за справување со коронавирусот доаѓаат од владата или опозицијата.

– Тоа мора да бидат предлози на луѓе кои ја водат или утре ќе ја водат државата. Сите треба да работиме на тоа што побрзо да бидеме во состојба нормално да живееме. Начинот на кој ја водиме битката истовремено ќе ни овозможи паралелно да планираме како да дојдеме до подобро утре, смета тој.

Поврзани вести

МЗ: Се бара механизам за кофинансираните специјализанти

Влатко Зорба

Чепреганов: Живееме во општество каде обичниот човек е изманипулиран и владее агресија

Влатко Зорба

Димитров: Изјавата на Бугарија нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на преговори

Влатко Зорба

СДСМ: Со влезот во НАТО обезбедена е нашата иднина и територијалниот интегритет

Мицкоски со повеќе билатерални средби во рамки на самитот на ЕНП во Загреб

Влатко Зорба

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија