Политика

Битиќи: Преку сетот на економски мерки, ги поставуваме темелите за трансформација на македонската економија

Ребалансот на буџетот за 2020 година има една јасна цел – забрзување на процесот на опоравување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Многу поважно, овој ребаланс ќе овозможи брза трансформација но и зголемување на конкурентноста на македонската економија, изјави на Прес-конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

Тој вели дека со ребалансот, приходната страна на буџетот се намалува за 11,5% и истата изнесува 196,8 милијарди денари, додека расходната страна се зголемува за 1,4% и истата изнесува 242,9 милијарди денари.

„Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8% и е во линија со проекцијата на Европската комисија.
Преку вчерашниот ребаланс, со дополнителни 3 милијарди денари на КОВИД програмата, Владата предводена од СДСМ, креира мерки за стимулација на приватната потрошувачка со цел поддршка на македонската економија но и македонските производи и услуги .

Овој ребаланс со дополнителни 600 милиони денари за Министерството за Економија овозможува и поголема поддршка на македонскиот туризам.За социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство.За Министерство за здравство обезбедуваме 300 милиони денари за да ги зајакнеме здравствените капацитети за откривање на болести преку обезбедување на техничка експертиза, лабораториска опрема и системи за откривање на случаи во согласност со упатствата на СЗО, вели Битиќи.

Битиќи вели дека за Министерство за образование се обезбедени  дополнителни 350 милиони денари во КОВИД програмата.

„Со цел да им помогнеме на нашите млади да се стекнат со ИТ и дигитални вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата економија.Алоциравме и 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија.

Други поголеми расходи се за исплата на платите, проектирани на ниво од 30,2 милијарди денари или за 0,4 милијарди денари пониско. Расходите за стоки и услуги се намалени за 1,8 милијарди денари во однос на планот за 2020 година а тековните трансфери се планирани на ниво од 166 милијарди денари или за 9,6 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, како резултат на обезбедување на средствата за економските мерки.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,5 милијарди денари или 4,2 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, што е всушност на ниво на максимално реализирани капитални расходи во изминатите 10 години.

Финансирањето на буџетскиот дефицит ќе се сервисира со поволни средства од меѓународни финансиски институции, повлекување на средства на домашен пазар преку државни хартии од вредност, како и со излегување со еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал. Очекувањата за економскиот раст се -3,4%.

Почитувани граѓани, кризата од коронавирусот може да биде и одлична можност за сите нас. Преку сетот на економски мерки, сите заедно, ги поставуваме темелите за трансформација на македонската економија. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри, уште посилни“, вели Битиќи.

Поврзани вести

Заев: Нема да дозволам да се наруши дигнитетот на СЈО заради поединечна одговорност

Влатко Зорба

Европскиот Парламент бара изборна кампања без лаги и заплашувања

Заев: Лошо се изразив во разговорот од 2016, секој ден градам пријателски односи со коалициските партнери

Во ноември му истекува времениот пасош на Орце Камчев

Влатко Зорба

СДСМ: За 2,5 години просечната плата се зголеми на 25.726 денари

Никола Поповски

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да не бега од избори, најдобар термин за нивно одржување е средината на јуни