Политика

Богојески: Со сила убавина не бидува, да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро

Претседателот на платформата Македонски концепт, Петар Богојески своето право на глас го оствари утринава во 10:00 часот во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Според Богојески, секој треба да излезе и да гласа онака како што смета дека е правилно но, додаде, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро.

-Нашите стари кажале „Со сила убавина не бидува“, затоа денеска со кроце, спокојно, сите внимателно без непотребни тензии да заврши овој ден, да изгласаме онака како што секој од нас смета дека е правилно но сепак да имаме едно на ум, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро и доколку не сме подготвени да влеземе во нормален и во спокоен живот, изјави Богоески утринава пред гласањето.

Тој додаде дека одлуката е на сите нас и како што дополни, се надева дека денеска ќе излезе цела Македонија на гласање и ќе ја донесеме вистинска одлука.

Поврзани вести

Мицкоски од Струмица: Порано се жалеа дека имало „сваровски судство“, а денеска имаме „луј витон судство“

Влатко Зорба

Мисајловски од Шуто Оризари: Граѓаните на 15 јули да дадат поддршка на обновата на Македонија

По Санчез и Ципрас упати поддршка до претседателот Заев и коалицијата Можеме

Спасовски: Извештајот на ЕК е охрабрувачки сигнал дека ќе имаме позитивна одлука за отворање на преговорите

Влатко Зорба

Мицкоски: Мислеа дека Венко Филипче ќе ги извади од политичкото мочуриште

Села бара разбирање од Хоти: Одлуката за ПЦР тестовите е политички мотивирана