Политика

Богојески: Сведоци сме на негативна кампања со премногу омаловажувања и премалку конструктивна дебата

Настапуваме храбро и сакаме да се „тепаме“ со посилните. Сведоци сме на негативна кампања со премногу омаловажувања на лична основа и премалку конструктивна дебата помеѓу нас кандидатите. Едвај се појаввиме на неколку тв дебати со конкуренцијата. Скоро не се ни појавија вистинските конкуренти. Професорката Силјановска и Апасиев избегаа од дебата. Со тоа покажаа дека не се подготвени да се дебатира со конкуренти, туку само да се користи црна кампања како адут, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

-За време на кампањата не постои голем или мал, достоен или недостоен противник. Секој кандидат во изборната единица е кандидат на исто рамниште и сите започнуваме од почетна поддршка. Она кое го направија како најголем проблем сите политички партии без исклучок е засилување на апатијата кај граѓаните и желбата што помалку да се излезе на гласање. Јас апелирам дека со неизлегување на гласање им помагаат на оние кои ги натерале да се чувствуваат така. Единствен начин да се направи промена на политичката сцена со нови актери е да се излезе на гласање, изјави Богојески кој додаде дека Македонски концепт очекува поддршка од граѓани со силен личен интегритет, индивидулаци, луѓе кои се свесни за ситуацијата во земјава.

Поврзани вести

Трета последна средба на овој парламентарен состав во рамките на процесот „Жан Моне“

Никола Поповски

Собраниска делегација на тркалезна маса во ЕП

Влатко Зорба

Груби ги повика Албанците да им се приклучат во остварување на идејата за прв Албанец премиер (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ДИК ги започна активностите за продолжување на дејствијата за парламентарните избори

Директорката на инфективна: Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но не смееме да дозволиме да биде паничен

Влатко Зорба

Јанева и кажа на Стефанова „ороспијо и гомнарке“

Влатко Зорба