Политика

Боки 13: Колку што сум седел во ресторан со Јанева, толку сум седел и со Рускоска

Бојан Јовановски во Судот рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.

– Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последоците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев, изјави Боки 13.

За некој да има реално или претпоставено влијание треба да има и реален авторитет, а единствено реално нешто во овој предмет, како што истакна Боки 13, е тоа што синот на Катица Јанева бил вработен во неговиот медиум – 1ТВ.

– Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави Боки 13.

Ги повикувам, порача Боки 13, меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.

– Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече Боки 13.

Поврзани вести

ДПА: Избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, со почитување на препораките

ВМРО ДПМНЕ: Кризната состојба наместо за работа очиглено им служи за популизам

Во ноември му истекува времениот пасош на Орце Камчев

Влатко Зорба

Сите документи за аплицирање за бескаматните кредити на Развојна банка достапни електронски

Влатко Зорба

Таравари: Не вреди да се седне на иста маса со ДУИ додека не се расчисти изборната кражба

Влатко Зорба

СДСМ демантира: Не се водат преговори со другите парламентарни партии, не е прифатлив концептот „ротирачки премиер“