Политика

Борисов: Ги поддржуваме напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ

Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ, забележа бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Пред учесниците на панелот бугарскиот премиер акцентот го стави врз исклучително важното задржување на улогата на политиката на проширување на ЕУ како катализатор за реализирање на клучните реформи во земјите од регионот.

-Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ, посочи премиерот Борисов.

Според него, различните иницијативи и формати на регионална соработка во Југоисточна Европа взаемно се дополнуваат во поттикнувањето на политичката, економската и социјалната стабилност во регионот.

-Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер.

Поврзани вести

Собранието ќе бира потпретседатели, можно е и констатирање оставки на идните министри

Берта Китинска

Заев за обвинувањата во „Ла Верита“: Ако имаа докази ќе ме осудеа!

Влатко Зорба

По НАТО нема поголем предизвик од членството во ЕУ, вели Димитров

Берта Китинска

Бизнисот со канабисот причинa за расправа меѓу Заев и Милошоски

user3

Преку Фондот за иновации 300 компании вработиле повеќе од 15 илјади граѓани

Viktor Jovanov

Иванов од Италија: Иднината на Европа станува се понепредвидлива

Влатко Зорба