Политика

БРИМА: Наводите дека воопшто не сме спровеле анкета не се точни

Од БРИМА Гаулп излегоа соопштение по вчерашните информации на порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека воопшто не спровела анкета пред изборите и дека „СДСМ води само на непостоечки анкети“.

Повикувајќи се на наводи на Горан Момировски од Алфа ТВ, објавија дека таква анкета не постоела и дека истата била измислица на „провладините медиуми“.

Според анкетата на Брима, СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ.

„БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување.

Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата, а истата ја спровела во наведениот период. Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена“, се наведува во соопштението на Брима“, велат оттаму.

Поврзани вести

Николоски за снимките: Јас едно зборувам, тие друго спинуваат

Се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година

Влатко Зорба

Спасовски: Владата успеа во изминатите две и пол години за 60 проценти да ја зголеми минималната плата

На лидерска средба ќе се решава за терминот за избори

Милошоски: Јанева и другите обвинители треба да вратат 1.000.000€ во државниот буџет!

Влатко Зорба

„Таргет – Тврдина“: Мозокот на нелегалното прислушување бил Груевски, а не Мијалков

user3