Политика

Четворица македонски граѓани од Перу слетаа во Виена, Димитров му се заблагодари на Шаленберг за помошта

Четворица македонски граѓани, кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, по телефонски разговор Никола Димитров – Александер Шаленберг, во организација на амбасадите на Северна Македонија во Виена и во Бразилија, а во соработка со австриските власти, денеска со чартер лет на Аустријан Ерлајнс слетаа во Виена.

-Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите, се наведува во соопштението на австриското МНР.

Водени од тие принципи и Министерството за надворешни работи на Република Серверна Македонија досега им излезе во пресрет на девет странски државјани: 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, на летовите кои беа организирани за репатријација на македонски граѓани од Малта и Хрватска.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.

Поврзани вести

СДСМ во Кавадарци, Митко Јанчев – гостин на трибината „На прав пат“

Христина Николовска

СДСМ: Ќе го зголемиме опфатот на приматели на социјална помош на 34.000 домаќинства

Влатко Зорба

Шилегов на средба со градоначалникот на Тирана

Влатко Зорба

Димитров телефонски разговараше со Логар за решавање на проблемот на македонските превозници

Влатко Зорба

Филипче: Реформите во здравството сериозно придонесоа за поквалитетeн живот на пациентите (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Мицкоски правеше рецензија на работењето на СДСМ: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката за живот (ВИДЕО)

Влатко Зорба