Политика

Чулев: 300 граѓани не ја почитувале мерката за ограничување на движењето и против нив се преземени соодветни санкции

Граѓаните воглавно ја почитуваат мерката за ограничување на движењето и покажуваат високо ниво на совесност, иако се забележани одредени отстапувања, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва за телевизија Сител.

За овие пет дена, информира тој, 300 граѓани не ја почитувале мерката и против нив се преземени соодветни санкции или биле предупредени.

Тој информира дека на територија на Град Скопје, каде што помалку се почитува оваа мерка е населбата Шуто Оризари каде има зголемена полициска контрола, додека на територија на државата, после Скопје на второ место е Струмичкиот регион.

– МВР оваа мерка за ограничување на движењето на граѓаните ја спорведува на два начини и тоа преку пунктови (на територија на цела држава имаме 156 пунктови) и тоа се на главните сообраќајници каде што се движат возилата, додека на другите места е преку мобилни полициски патроли, вели Чулев.

Поврзани вести

На следниот состанок на Европскиот Совет да се определи датум за преговори со С. Македонија

user3

СДСМ: Креиравме социјална реформа која го менува начинот на кој се грижиме за ранливите граѓани

Кристина Денесовска

Судењето за предметот „Тортура“ ќе стартува од почеток

user3

Заев за „Данас“: Од евентуалното затворање на вратата на ЕУ сите губат

Maja_Serafimova

Шкријељ: Без родова еднаквост, нема социјална правда

Дронзина: За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија

Влатко Зорба