Политика

Чулев: Најголем проблем ќе биде идентификација на граѓаните со заштитната опрема и при гласањето

Чулев за притисокот на Мицкоски: Секој може да му се јави на припадник на МВР

„Се вештачи камерата од теретаната. Ќе ги гледаме снимките една година наназад и истрагата ќе ја каже вистината. Во врска со притисокот, секој може да му се јави на припадник на МВР. Од белешката на мојот заменик помошник министер, никаде не пишување дека вршел притисок или влијание за истрагата да биде во една или друга насока. Туку, согласно белешката, замолил само истрагата да биде независна и објективна и да се заврши на најкус можен рок, со оглед на големиот притисок од јавноста“, рече техничкиот премиер Наќ Чулев во „10 МИНУТИ“ на ТВ 21.

Тој коментираше за одлучување за датум на избори, но откри и еден проблем кој би можел да настане при оддржувањето на процесот.

„Одредување на датум мора да биде во директна поврзаност со здравјето, и уште еден важен момент, да има меѓународен мониторинг. Најголем проблем ќе биде идентификација на граѓаните со заштитната опрема и при гласањето, и потоа при утврдување на евентуални изборни нерегуларности. Тоа според мене ќе биде голем проблем“, вели Чулев.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Слушнавме како Заев го навредува својот народ

ВМРО-ДПМНЕ се согласи ќе учествуваат на изборите на 15 јули

Мицкоски: Во Договорот од Преспа има фуснота за македонскиот јазик (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ахмети: Вината не е кај нас, но изборите се најдобро решение

Влатко Зорба

Заев денеска ќе објави на Фејсбук кога го пријавил случајот Рекет

Никола Поповски

Тачи изборната кампања ја започна на гробот на Арбен Џафери