Политика

Чулев: Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија

„Во однос на објавите во медиумите со наслов ‘полициски кадар шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време’ најпрво изразувам силна осуда на ваков чин кој ниту прилега и доликува на било кој граѓанин, уште повеќе на полициски службеник“, реагира министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев по информациите дека полициски службеник јавно шмрка кокаин во кафуле.

„Во меѓувреме побарав од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди целосно да ги испита наводите објавени во тексот и да постапи во согласност со законските прописи. Истовремено го повикувам медиумот што поскоро до истиот оддел да ги достави сите релевантни докази поврзани со конкретниот случај.

Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработени во МВР.

Претходно А1Он објави дека припадник на полициските служби од ОВР Прилеп, јавно шмркал кокаин за време на работа, а за тоа добиле фотографии од читател од Прилеп кој бил присутен на лице место.

Порталот наведува дека личноста важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Трамп се понуди да посредува меѓу Турција и Курдите

Влатко Зорба

Грција нема издадено никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани

Влатко Зорба

Владата даде согласност за набавка на моторни возила и мебел за потребите на СЕЕБРИГ

Дендиас: Можеше да се постигне подобар договор со Северна Македонија

Влатко Зорба

Царовска од Козјак: Создавање еко држава останува наш врвен приоритет и во наредниот период

СДСМ: За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе

Влатко Зорба