Политика

Чулев од Струмица: Граѓаните да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури

Моето присуство во СВР-Струмица е, пред се, да им укажам на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и во крајна линија ќе има негативен меѓународен мониторинг, порача денес министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при посетата на СВР-Струмица.

Инфомираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на било какви политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.

Од раководството на СВР-Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот и дополнителниот заменик началник и се испратени до главниот оперативен штаб.

-Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години, додаде министерот Чулев.

На новинарско прашање за случајот во Штип со откриените лични документи на граѓани во продавница во Штип и за коментар на изјавата на дополнителната заменичка министерка, Славјанка Петровска, која рече дека не станува збор за изборен поткуп, министерот Чулев рече случајот го работи Ојо Штип.

-Се работи за случај кој се работи со ОЈО. Значи, пријавата до ОЈО-Штип е потпишана и од началникот и од дополнителниот заменик началник и согласно сознанијата кои што се наведени во пријавата, односно во документот доставен до обвинителството, е точно наведено дека се работи за изборен поткуп. Впрочем, истргата ќе го покаже и ќе го докаже тоа. Во моментот се собрани материјални докази во смисла на сите биометриски и други документи и исто така има и листа на граѓани каде што се заведени кој колку должи. Во тек се разговори со сите оние граѓани на кои им се одземени личните документи и тие во изјавата ќе си дадат и ќе укажат за што точно се работи, односно да го потврдат она за кое се работи. Во моментот сите оперативни сознанија и добиени материјални докази укажуваат дека се работи за поткуп, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска немам коментар. Мислам дека е политички мотивирано, таа е кандидат за пратеник на изборна листа, одговори министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Поврзани вести

Левица: Мораториум на отпуштања на работници за време на кризата

Влатко Зорба

Димитров: Кралот Фелипе VI веќе го потпишал Законот за ратификација на Пристапниот протокол за членството во НАТО

Влатко Зорба

Димовски побара одлагање на „Талир“ поради старост на поротниците

Влатко Зорба

Јовески: Неопходен е квалитетен Закон за ЈО, обвинителите да не потклекнуваат на притисоци

Влатко Зорба

Хелсиншки: Во првите 9 месеци од 2019-та пријавени 709 кривични дела од областа на семејното насилство

Влатко Зорба

Владата на Груевски за 7 години им дала 25 милиони евра на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ

Влатко Зорба