Политика

Чулев: Проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши проблемот со пасошите

Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.

Чулев денеска по посетата на Секторот за внатрешни работи Скопје, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите.

Тој рече дека проблемот со издавање лично документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски.

-Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме хаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да предизвика неспокој кај граѓаните и да предизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на проблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство.

Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за проблемот со патните исправи.

Поврзани вести

Спасовски: Ќе биде здраво за државата да добие обновена, разумна, одговорна опозиција

Влатко Зорба

Димковски закажа прес-конференција за објавената аудио снимка со негов советник

Влатко Зорба

Македонски концепт за одлуката за почеток на преговори: Огромен успех и јасна перспектива за иднината

Влатко Зорба

СДСМ: Продолжуваме со разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство

Берта Китинска

Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија неделава

Совет на амбасадори: Услов за членство во ЕУ не треба да биде интерпретацијата на бугарските историчари за потеклото на македонската нација и јазик