Политика

Чулев: Се приспособуваат објекти за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација

Донесените мерки и препораките на Владата, генерално се почитуваат од страна на граѓаните на територијата на цела држава. Тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важноста на почитување на мерките во овој исклучитлено важен момент и период за сите нас, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои ќе бидат сместени согласно одлуките на Владата во карантин на сопствена сметка, потенцираше Чулев.

Чулев информираше дека во функција е апликацијата која е наменета за полициските службеници а преку која вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се издадени од страна на МИОА.

Од аспект на соработката на МВР со Армијата веќе е изготвен оперативен план чиј наслов е „Армијата во поддршка на полицијата“.

-Преземањето на обврските од страна на Армијата се одвива во неколку фази и до овој момент е завршена првата фаза која опфаќа преземање на обврската за обезбедување на дел од зелениот појас на границата, затворите Скопје и Идризово, објектот на Владата, на Собранието, хеликоптерскиот центар, дел од објектите кои се коирстат како државен карантин, односно хотелот Десарет во Охрид, Детското одморалиште во Демир Капија, хотелот Фламинго, хотелот Ибис во Тафталиџе, а во следниот период оваа листа ќе биде надополнета и со други објекти, соопшти Чулев.

Поврзани вести

Царовска: Се создава квалитетен социјален дијалог, добар за сите и носи прогрес на државата

Влатко Зорба

Филипче: Во услови на најголема светска здравствена криза, покажавме како треба и како може

Влатко Зорба

Димитров: На вистината и на проблемите мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците

Влатко Зорба

Муцунски: Првиот напор на следната влада треба да биде во насока на преземање конкретна и реална здравствена политика

Дендиас: Северна Македонија во пресрет на Самитот на ЕУ прави колку што е можно повеќе

user3

Петровска: Со Мицкоски во локалот биле поранешен функционер во владата и актуелен полициски службеник