Политика

Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договор како тој од Преспа

Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говорејќи за Договорот од Преспа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас упати критики до актуелната грчка Влада дека пред една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.

– Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Северна Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Северна Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија, рече Ципрас.

Поврзани вести

Спасовски-Колевски: Ја имате поддршката од Владата, за унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија

Во Владата немаше мнозинство за одлуката администрацијата да оди на минималец, вели Заев

Влатко Зорба

Јанушев: Законот за ЈО треба да се донесе пред изборите

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата мора да обезбеди доволно ресурси да се заштити медицинскиот персонал и на сите граѓани

Берта Китинска

Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи со кои што ќе издвојуваме победа на 12-ти април

Влатко Зорба

Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот (ВИДЕО)

Влатко Зорба