Политика

Ципрас на средба со Туск, ја истакнал важноста за почнување преговори со Северна Македонија

Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Поврзани вести

Османи: Северна Македонија и Франција имаат историска шанса да ги соединат своите интереси

user3

Заев најави разрешување на Ременски

user3

Пендаровски: За нас не постои подобра алтернативa од интеграцијата во ЕУ

Maja_Serafimova

Влада: Забрана на движење на сите граѓани викендот од 16 до 5 часот

Влатко Зорба

Законите за дивоградби и за градење на владина седница

Влатко Зорба

Заев дојде во суд, ќе сведочи за „Таргет Тврдина“

Влатко Зорба