Политика

Ципрас: Oтфрлaњето на почетокот на преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура.

-Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи, напиша Ципрас на Твитер.

Поврзани вести

(ВО ЖИВО) Жбогар за новата методологија на ЕУ

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ се согласи ќе учествуваат на изборите на 15 јули

ССМ: Социјалниот дијалог функционира и се носат мерки во интерес на вработените и граѓаните

Влатко Зорба

Заев: 840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици и стиропор фасади

Шекеринска: Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните

Влатко Зорба

Османи и Цакај порачуваат: Да не се користи говор на омраза

Александар Петровски