Политика

Ципрас по средбата со Јункер: Разговаравме за важноста на Договорот од Преспа и потребата за почеток на преговорите

Прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ е да одлучи за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му рекол поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, преку Твитер соопшти дека и Договорот од Преспа и европската перспектива биле дел од темите за кои разговарал со претседателот на ЕК.

– Разговаравме за важноста на Договорот од Преспа, за улогата на ЕУ на Балканот и потребата да се одлучи почеток на пристапни преговори, напиша Ципрас на Твитер по средбата со Јункер.

Санкциите за Турција за активностите во Ексклузивната економска зона на Кипар, операцијата во Сирија и бегалското прашање биле останатите теми за кои разговарале Ципрас и Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел.

Поврзани вести

Димовски оптимист дека денеска ќе се избере државен ревизор

Влатко Зорба

Ахмети: Честитки драги граѓани, НАТО бидна!

Османи: За нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад

Влатко Зорба

МВР на владина седница ќе предложи превентивни мерки за здравјето и безбедноста на граѓаните

Влатко Зорба

Рот за Законот за ЈО: Нов клучен чекор за европската иднина на С. Македонија

Влатко Зорба

ДС со иницијатива до партиските лидери за започнување разговори за промена во изборниот законик

Влатко Зорба