Политика

Д-р Софијанова: Ние имаме мерки, но проблемот е во култоролошкиот начин на живеење коj го имаме

Во дел од европските земји се спроведува полициски час, со самото зголемување на бројот на заболени. Што значи дека од вирусот ниту една земја не е поштедена. Ние имаме мерки, но проблемот е во култоролошкиот начин на живеење коj го имаме. Треба да се смениме во однесувањето односно треба да бидеме спремни во нашите глави дека треба да издржиме и да ја надминеме оваа чума на модерното време, вели професор доктор Аспазија Софијанова, шеф на на одделението за интензивна нега и раководител на Ковид центарот на Клиниката за детски болести во интервју за Локално.

Таа посочува дека затоа е потребна политика која ќе не натера да размислиме како да си помогнеме на себе и на блиските.

– Јас сум да има плус додатни мерки. Одењето по кафани и журките го расеа уште повеќе вирусот и со тоа му ја зголемија вирулентност, смета таа.

Според неа во периодот кој е пред нас мора да сфатиме дека дека вирусот е сериозен и изолацијата и почитување на мерките можат да не заштитат.

-Прво мора сите да сфатиме дека овој период мора ментално да се смениме. Сите фамилии да сфатат дека вирусот е сериозен и изолацијата и почитување на мерките можат да не заштитат, вели д-р Софијанова.

Поврзани вести

Обука за сајбер безбедност за ученици, наставници и родители

Влатко Зорба

СДСМ: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше партиски и без земјоделци (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Преспанскиот договор во центарот на предизборното препукување

Stefanija Kuzmanovska

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот Филипче

Влатко Зорба

ДОМ: Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите

Царовска: Најавите на ВМРО-ДПМНЕ за чепкање во Преспанскиот договор ќе ја врати државата во изолација