Политика

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

– Во однос на случувањата помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата. Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и важноста до пристап за информации за сите граѓани. Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат на маса со регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работа за сите комерцијални оператори на пазарот и коешто обезбедува имплементација на правата од интелектуална сопственост, наведува Делегацијата на ЕУ во ставот во однос на слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост.

Од Делегацијата на ЕУ дополнуваат дека се подготвени да обезбедат дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување сеопфатен и постојан пакет правила за сите чинители во медиумскиот сектор.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии вчера соопшти дека како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за наоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Според Здружението, законските измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат, имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Претходно, петте национални телевизии при Македонската медиумска асоцијација ја оценија најавата за прекин на реемитувањето како апсурдна, паушална и незаконска и повикаа сите да ги почитуваат авторските права и оти законот е токму во таа насока. Обвинија дека се соочуваат со пиратерија на 10-ина странски канали и апелираа операторите да ја преиспитаат најавата за прекинот, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа.

Ресорниот министер Дамјан Манчевские, пак, е оптимист дека ќе се најде решение и очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме, изјави Манчевски.

Поврзани вести

Заев – Мицотакис: Економските односи бележат нагорен тренд од потпишувањето на Договорот од Преспа

Влатко Зорба

СДСМ: Чулев за себепромоција и лажен успех, загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

(ВО ЖИВО) Прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Влатко Зорба

Никола Тодоров упати пофални зборови за Филипче: Одлично се бори со Ковид-19

Берта Китинска

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни

Влатко Зорба

Договорот од Преспа и изборите во фокусот на грчките медиуми

user3