Политика

Дескоска: Очигледна е намерата на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за ЈО

Очигледна е намерата на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за јавно обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до 3 часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку 8 часа дебата по нашите говори, пишува на својот ФБ профил министерката за правда, Рената Дескоска.

„Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно призна дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност. Значи на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии.

Кога не им успеа планот да го „трошат“ времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да „купат“ време со еден час пауза“, додава таа.

Поврзани вести

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос значи шанса за развој на Преспанскиот регион

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја запали машината и ќе ја донесе победата

user4

Насоки и препораки од Владата за функционирање по стартот на продолжениот полициски час

Влатко Зорба

СДСМ: Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи економија

Никола Поповски

Преговорите за новата влада по Илинден

Влатко Зорба

Дендиас за МИА: Почитувањето на Преспанскиот договор е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија

Влатко Зорба