Политика

Џафери ја прекина 135.седница, дополнително ќе биде закажано нејзиното продолжение

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пред почетокот на почетокот на 136. седница, ја прекина 135-тата, а нејзиното продолжение, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски веднаш потоа побара Предлог-законот за ЈО да се стави на гласање за неговата партија, како што објасни, да не биде проблем во реформскиот пат на земјава. Мицевски посочи дека има доволен број пратеници во салата за да се гласа.

По барањето на Мицевски, Џафери уште еднаш повтори дека ја прекинува 135. седница и дека продолжението ќе биде дополнително закажано.

Собранието продолжи со 136. седница на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се тргнат од дневен ред разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и предлог-измените на Законот за лични карти. Тие воедно се пожалија дека се силува Деловникот.

Покрај овие две точки, пред пратениците во рамки на 136. седница се и Предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.

Поврзани вести

Јанушев чека резултати за коронавирус по заедничкото гостување со Зекири во дебатна емисија

Милошоски: Заев е уплашен и знае дека неселективноста во делување на Чулев може да тропне и на неговата врата

Меркел ќе го убедува Макрон да не ја блокира Северна Македонија

Влатко Зорба

Спасовски на средба со Тимоние: И преодната Влада активно ги продолжува реформите

Влатко Зорба

Османи-Грлиќ Радман: Хрватското претседателство со ЕУ ќе биде историско за нас

Османи: Првпат чувствуваме што значи да сме дел од Европската унија