Политика

Џафероски: Професионалниот однос на ДЗС придонесува да немаме ниту еден вработен заразен од КОВИД-19

Ниту еден припадник кој директно или индиректно е вклучен во борбата против спречување на внесување и ширење на Коронавирусот не е заразен. Професионалниот однос на припадниците на ДЗС придонесува да немаме ниту еден заразен од КОВИД-19, вели Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Аднан Џафероски во интервју за 24 инфо.

Припадниците на ДЗС се опремени со заштитна опрема од највисок степен односно скафандер, заштитни ракавици, заштитна маска и заштитни очила.

– Не е само да се носи заштитна опрема, туку секој наш припадник е обучен како се користи таа опрема, вели Џафероски.

На прашање дали Дирекцијата е подготвене доколку уште некоја област во земјава биде ставена во карантин, тој вели дека имаат „одредени капацитети за справување со пандемијата во овој момент“.

– Ако се земе во обзир дека Дирекцијата за заштита и спасување е една од клучните институции која е задолжена да делува во услови на вонредна состојба и институција која е задолжена за справување со сите катастрофи предизвикани од човекот и од природата, и активностите во изминатите две години за реорганизирање и формирање на Републички тимови за заштита и спасување, ние денес можеме со право да кажеме дека имаме одредени капацитети за справување со пандемијата во овој момент, посочи Џафероски.

Поврзани вести

Седница на Влада, теми – економија, земјоделство и урбанизам

Влатко Зорба

Џафери: Законските измени обезбедуваат финансиска независност и самостојност на собраниската администрација

Во Владата немаше мнозинство за одлуката администрацијата да оди на минималец, вели Заев

Влатко Зорба

Адеми: Може да го критикувате СДСМ за разни теми, но не и за национализам и националистичка реторика

Влатко Зорба

Димитров: Изјавата на Бугарија нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на преговори

Влатко Зорба

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство

Никола Поповски