Политика

Дичев: Бугарија нема да ја запре Македонија сама, освен ако некој во ЕУ не ѝ помогне околу тоа

По повод новите моменти во македонско-бугарскиот спор, професорот Иваило Дичев за Стандард вели дека во контекст на шпекулациите во македонските медиуми и изјавата на Мицкоски дека Борисов и Захариева побарале од македонскиот министер за надворешни работи Османи нов договор со Бугарија, вели дека во нивната земја има внатрешни проблеми и тоа видливо ја одвраќа публиката со македонската тема, што е кај нив многу емотивна.

„Изборите тука се најдоцна на пролет, па до тогаш ќе имаме тензии по ова прашање“, изјави Дичев.

За тоа дали ова значи влошување на односите со Бугарија и враќање на почетното ниво пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, Дичев смета дека тоа веројатно нема да се случи.

„Бугарија нема да ја запре Македонија сама, освен ако некој во ЕУ не ѝ помогне околу тоа (Франција, Холандија…) Според мене, ќе има притисок од разумни сили (на пример од Германија) врз Софија да не го запира Скопје, а за возврат Бугарија веројатно ќе добие нешто“, вели Дичев.

Вели дека навистина не знае што очекува Бугарија од Македонија.

„Дали има компромисни формулации како што е Гоце, дека бил етнички Бугарин, но подоцна станал основач на македонската нација? Заеднички корен, заедничка историја? Сериозна тема е профашистичката окупација на Македонија во 40-тите и комунистичкиот антибугарски терор по 40-тите и има смисла да се зборува за тоа, но тие сè уште не се ни започнати. Сепак, потребни се меѓусебни отстапки во овој период. Кај нас постојано повторуваат дека имало антибугарски сентиментации во Македонија, но не разбирам што се тие – веројатно станува збор за оваа окупација, формулацијата „бугарски фашизам“, што овде се смета за навредлива. Без разлика дали имало фашизам во нашата земја, што е предмет на долги дебати. Воопшто десницата овде вели дека немало, а дека царот Борис Трети бил англофил и бил принуден од историски околности… Од друга страна, сојузникот на Хитлер, ги предал вашите Евреи… Според мене, ова е една од причините за раздорот“, смета професорот.

Во поглед на јавната дискусија во Бугарија на научниците и политичарите за предлогот за промена на значењето на 24 мај – од „словенски“ во празник во „Бугарска писменост, образование и култура“, професорот Дичев изјави дека таквата идеја била лошо прифатена и многу научни материјали објавени се против таквата одлука.

„И јас пишував за истото. Азбуката е секако словенска, Кирил и Методиј не стапнале тука и таа продолжува со глаголицата и се користи паралелно долго време. Ова е уште еден идиотизам на нашата ВМРО. Живееме во прилично непријатни времиња, и ние, и вие, и Американците“, рече Дичев.

Поврзани вести

Шекеринска од Дебар: Единственото нешто што го правеше ДПМНЕ во овој период беше да тера политика и да блокира прогрес

Премиерот Заев ќе се обрати на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност

Александар Петровски

Груевски тврди дека во негово време, судиите се унапредувале според „квантитативни и квалитативни критериуми“

Влатко Зорба

Мицкоски од Битола: Сега е време честа и судбината да ги земеме во наши раце

Влатко Зорба

Шекеринска: Денешниов ден го чекавме речиси 30 години, нека ни е честито

Во новиот мандат ќе отвориме 100.000 работни места, рече Заев

Влатко Зорба