Политика

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.

Членовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за авансни средства за подрачните одделенија Кичево и Штип со цел да им се помогне на овие подрачни единици да ги остварат своите надлежности во врска со претстојните вонредни избори за градоначалници во Пласница и во Штип.

Поврзани вести

Дали Османи останува без функција: Рокот за поднесување на предлогот за владин состав истекува на 2 септември

Никола Поповски

Управен не ги промени одлуките на ДИК, денеска ќе се разгледуваат тужбите од ВМРО-ДПМНЕ, Демократи и Единствена Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На бизнисот итно му е потребна голема помош, а не несериозни мерки

Грција организира работен појадок во Брисел ЕУ – Северна Македонија и Албанија

Влатко Зорба

Детектор: 82 отсто од граѓаните задоволни од работата на Филипче

Влатко Зорба

Марешки: Заев да биде вицепремиер, а подоцна премиер на Голема Бугарија

Влатко Зорба