Политика

Димитров: Или ќе ја донесеме ЕУ дома или сите ќе ни отидат во ЕУ

Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“ вечерва се одржа во тетовско Јегуновце на која пред жителите се обратија носителот на листа во ИЕ 1, Никола Димитров како и Фаница Николоска, кандидат за пратеник и носител од редовите на СДСМ во ИЕ6.

–Мора да престанеме да бидеме жртва мора да бидеме победници, ниe не сме ништо понеспособни. Една сила е одлучна да оди напред. Нашата Македонија решила да оди напред, и дека нема да оди назад. Запознав многу успешни луѓе со моите патувања, има луѓе успешни, само систем ни треба. Или ќе ја донесеме ЕУ дома или сите ќе ни отидат во ЕУ. Ако сакаме ЕУ живот дома патот е да одиме до пристапните фондови. Сигурно е дека ЕУ ќе ни помогне со нивните фондови, но од нас зависи, ако не чини ќе не опоменат. Шансата е пред нас и треба да се завери на 15 јули, истакна Никола Димитров.

Според Димитров граѓаните на 15 јули имаат две опции да изберат.

–Планот наш е да го погледнме проблемот во очи и да преземе одговоррност како што направивм со влезот во НАТО. Од другата страана нема ниту план за државата ниту за граѓаните. Имаат план само како да обноват она што го правеа порано, да има заробена држава. Така беше овие три години, тие влечат назад, ние се обидуваме за напред, истакна Димитров.

Поврзани вести

Мицкоски изгуби каде што гласа

Влатко Зорба

Жбогар: По искуството од октомврискиот состанок, не можеме да ветуваме многу во иднина

Влатко Зорба

Спасов: Кога ќе го најдат Панчевски за притвор, нека ме повикаат и мене за изјава

Никола Поповски

Брнс: Ратификацијата е плод на напорна работа, посветеност и вложување во иднината

user5

Блокадата за Северна Македонија е регрес и огромна грешка, сметаат американски дипломати

Влатко Зорба

Јакимовски: Кој и да формира влада, таа ќе биде нестабилна и нема долго да трае